Австрискиот канцелар, Себастијан Курц ги повика на работен ручек во понеделник во Виена, премиерите од земјите од Западен Балкан.
Од кабинетот на канцеларот Курц за „Танјуг“ рекле дека на ручекот ќе допатуваат шефицата на српската влада, Ана Брнабиќ, премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Душко Марковиќ, претседавачот со Советот на министрите во БиХ, Денис Звиздиќ и шефот на косовската влада, Рамуш Харадинај.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, кој претходно бил најавен го откажал ручекот поради внатрешнополитички прашања, пишува „Танјуг“.
Истовремено, на состанокот ќе присуствува и комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Според најавите на состанокот ќе стане збор за економската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и билатералните конфликти.