Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите кои стигаа до медиуните од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски, правдајќи се дека тие побрзале да ги објават, бидејќи истрагата не се води кај нив, туку во Македонија.
Тој потецираше дека МВР час поскоро ќе излезе со информација како се одвивало бегството и кој помогнал. Едната истрага како што кажа ја води внатрешна контрола во МВР, а другата обвинителството.
Заев изјави дека службите имале информации четири недели претходно што правел и каде се движел Груевски. Тој очекува Унгарија да постапува по меѓународните прпписи и да го екстрадира.
,,Унгарија е наш пријател, на внимателен начин ќе направиме се што реба околу екстрадицијата. Сите докази што ги имаме ќе ги предадеме на Унгарија, но и на ЕУ , односно на еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Мораме да внимаваме да не го нарушиме пријателствоот со земјите кои што не поддржуваат во НАТО и ЕУ. Веќе се поднесени првите документи, штом ќе бидат комплетирани ќе бидат поднесени сите документи за екстрадиција”, рече премиерот.