Раководството на англискиот премиерлигаш Фулам, после серијата на лоши резултати одлучи да го смени досегашниот тренер Славиша Јокановиќ, а на негово место пристигна Клаудио Раниери.
Фулам после 12 одиграни кола во англиската Премиер лига се наоѓа на дното на табелата и пред лондонскиот клуб сега е тешка борба за опстанок, а задача да го спаси клубот од испаѓање од елитното друштво ќе има Клаудио Раниери.
„Се надевам дека на крајот од оваа сезона ќе бидеме безбедни и потоа ќе го следиме патот кој го сака нашиот претседател, а тоа е да растеме“, изјави Клаудио Раниери кој признава дека не очекувал дека Фулам ќе се најде во ваква ситуација.
„Јокановиќ беше добар играч, а сега е добар и како тренер. Оваа сезона не можам да верувам што се случи, затоа што Фулам има многу квалитетен тим“, изјави Клаудио Раниери.