Искусниот француски фудбалер, Франк Рибери му се извини на новинарот кого физички го нападна после натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Рибери после поразот на Баерн Минхен од Борусија, го нападна новинарот Патрик Жилу .
„Рибери излегуваше од стадионот и тргна кон автобусот кога Жилу му пријде и му побара изјава. Рибери веднаш започна да го навредува, а потоа му удри три шлаканици и го оттурна“, пренесува медиум.
„Секако, не е убаво тоа што го направив, но бев под емоции. Му се извинувам на Патрик и на неговото семејство“, изјави Франк Рибери.