Илјадници граѓани на протест против измените во законот за абортус во Норвешка

Илјада граѓани протестираа низ Норвешка поради измени и дополнувања на законот со кој се предвидува ограничување на пристапот на жените до абортус.

Демонстрантите во Осло, од кои поголем број беа со деца во колички, маршираа низ центарот на градот носејќи транспаренти со слоганот „Мое тело мое право“ и „Одбрана на абортусот“,пренесе Ројтерс.

Кога Христијанско демократската партија ги започна преговорите за коалиција со Работничката партија, за да ја сменат конзервативната влада, интервенирала премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, која им понудила расправа за заострување на правилата за абортус.

Христијанско демократите се залагаат за воведување дополнителни ограничувања по 12 недели од бременоста, а таа партија се залага и за отежнување или целосна забрана на селективните спонтани абортуси во мулти-феталните бремености.

Треба да знаете
Последни објави