Пронајдена исчезнатата аргентинска подморница

Аргентинската морнарица  утринава соопшти дека истражувачите ја пронајдоа подморница АРА Сан Хуан во длабочините на Атлантикот, во која загинаа 44 членови на екипажот, а која исчезнаа пред една година. Подморницата е откриена на длабочина од 800 метри во водите на полуостровот Валдес во Патагонија, објави АП.

Пред само два дена, на годишнината од исчезнувањето на подморницата, семејствата на исчезнатите морнари одржаа комеморација. Тогаш претседателот Морис Макри вети целосна истрага за несреќата.

Подморницата се враќала во базата во крајбрежниот град Мар дел Плата кога бил изгубен контактот со неа. За време на последната комуникација, екипажот објави дека имало хаварија.

По интензивно пребарување во кое учествуваа 18 земји, Аргентина изгуби надеж дека ќе најде преживеани, но Морнарицата продолжи да ја бара подморницата.

Треба да знаете
Последни објави