Автомобил се преврте на покривот за време не денешниот тренинг за Авто кружна трка Скопје 2018 на патеката пред Македонската радио телевизија и Скопски саем.
Поради инцидетот тренингот беше прекинат додека не се создадоа услови за безбедно продолжување на трката. Возачот не беше повреден.
Трката се одржува во организација на АКК Примо авј во соработка со Град Скопје, Агенција за млади и спорт и Автомобилистичка федерација на Македонија.
Трката е дел од официјалниот календар за кружни патеки во домашниот шампионат, а се бодува и во календарот на ЦЕЗ (Централно Европска зона).
Официјалното отворање ќе биде утре во 11 часот пред Судска палата, а старот на трката е закажан за 12 часот.