Девојката на покојниот Бордејн во врска со поранешниот сопруг на позната хрватска манекенка

Девојката на покојниот Бордејн во врска со поранешниот сопруг на позната хрватска манекенка

Азија Арџенто, партнерка на неодамна починатиот готвач Ентони Бордејн, набргу по неговата смрт си најде нова љубов. Тоа е Фабрицио Корона, поранешниот сопруг на една од најпознатите хрватски манекенки Нина Мориќ, кој неодамна излезе од затвор каде што беше поради уценување на познати личности со компромитирачки фотографии, пишува „Дејли мејл“.

https://www.instagram.com/p/BjuE4kAHXM4/

Азија претходно беше во врска со светски познатиот готвач Ентони Бордејн кој во јуни оваа година си го одзеде животот. Голем дел од неговите обожаватели за тоа ја обвинија токму Азија, а неговиот близок пријател, Даниел Булуд, тврди дека Бордејн умрел со скршено срце.

Азија неодамна зборуваше за нивната врска и призна дека го изневерувала.

https://www.instagram.com/p/Bla4zfjBkvK/

„Тоа не беше проблем за нас, и тој ме изневеруваше”, рече таа.

Актерката, исто така, неодамна се најде во центарот на скандал во кој малолетен актер ја обвини за силување, по што таа тврдеше дека всушност тој ја силувал.

Треба да знаете
Последни објави