Во врска со најавен протест организиран од страна на Семакедонски Национален конгрес што ќе биде одржан пред Сообрание на Р.Македонија утре 18.11.(недела), Ве известуваме дека од 12.00 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улица „11-ти Октомври“.
И тоа на потегот од крстосница помеѓу булевар „Кочо Рацин“ и улица „11-ти Октомври“ до крстосница помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и улица „Даме Груев“ и од крстосница помеѓу улица „Филип Втори Македонски“ и улица „Кеј 13-ти Ноември“ до крстосница помеѓу улица „Даме Груев“ и улица „Македонија“. Возилата што ќе се движат по улиците кои гравитираат кон Сообрание на Р.Македонија ќе бидат пренасочени по улица „Кеј 13-ти Ноември“, улица „Кирил и Методиј’, булевар „Св. Климент Охридски“ и булевар „Кочо Рацин“.