Пред умирање имал само една желба: Итната помош веднаш запре и да му се исполни последната желба
Лекарите од австралиската Итна помош ги освоија симпатиите на светската јавност откако протече приказната дека на маж на смртна постела му ја исполниле желбата и му купиле сладолед.
Кога на почетокот на минатата недела во Квинследн дошле по Рон Меккартни (72) забележале дека последните денови речиси ништо не јадел.
Лекарите тогаш го прашале што најмногу би сакал да јаде.
Рон им одговорил: „Сладолед со прелив од карамела“.
Данијел, ќерката на Рон која објави дека нејзиниот татко починал во неделата по 17-годишна борба со ракот на панкреас, вели дека Рон уживал во сладоледот.
„Мојата мајка и јас до небо сме им благодарни на лекарите кој на нашиот сопруг и татко му ја исполнија желбата и бидејќи добро се грижеа за него“, рече Данијел.
Од итната помош кратко порачаа дека исполнувањето на желбите на пациентите е нормален, но често занемарен дел од грижата за нив.