Админстрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп се подоготвува да го обвини Иран за кршење на Меѓунардониот договор за забрана на производство и употреба на хемиско оружје, соопштија аномини извори од Белата куќа.
Според нив, во текот на следната недела, а најверојатно в понеделник, САД ќе го обвинат Иран дека не ја почитува Конвенцијата за хемиско оружје.
Тоа сепак не значи дека властите во Техеран употребиле хемиско оружје, туку, според истите извори, станува збор за разузунувачки сознанија дека Иран поседува објекти за негово производтсво.
Ваквите обвинувања нема да значат дека САД ќе воведат нови санкции кон Иран, но ќе ги засилат притисоците на Вашингтон за меѓународна изолација на Техеран, наведуваат изворите, посочувајќи дека за плановите на Белата куќа вчера биле информирани и членови на Конгресот.