Хотел во рудник, 16 спратови под земја
Во Шангај е изграден хотел во длабока дупка од некогашен рудник. Хотелот „Intercontinental Shanghai Wonderland” има 18 спратови, од кои 16 се под земја.
Реализацијата на проектот почна во 2006 година, но неговото завршување е одложувано повеќе пати, најмногу поради техничките работи, како што се строгите прописи во врска со заштитата од земјотреси, како и одржувањето на нивото на водата.
– Можевме да го напуштиме рудникот, не не го сторивме тоа. Го претворивме во скапоценост, наведе Су Шитан, потпретседателот на градежната група „Шимао”.
Цената за ноќевање во хотелот ќе се движи од 530 до 860 долари.