Илјадници Бугари ги блокираа главните улици и граничните премини кон Турција и Грција во знак на протест против поскапувањето на горивата во најсиромашната земја во Европската Унија.
„Анадолија“ објави дека биле блокирани и граничните премини со Романија и со Србија.
Протестите се одржуваат секој викенд во текот на изминатиов месец. Демонстрантите повеќе часа го блокираат сообраќајот на повеќе места на главните автопати.
На автопатот кој води кон границата со Турција полицијата се обидела да ги спречи возачите да го блокираат сообраќајот, но тие го пробиле кордонот.
Протестни собори се одржаа во Софија и во другите поголеми градови, а учесниците и за утре најавија блокади на улиците.