Германија и Франција треба да работат заедно на нова етапа на подем на Европа, со цел да се спречи запаѓање на светот во хаос и да се гарантира мирот, порача денеска од Берлин француксиот претседател Емануел Макрон.
– Европа и француско-германскиот тандем имаат обврска да не дозволат светот да западне во хаос и да го одржат на патот на мирот. Затоа Европа треба да биде посилна и посуверна, изјави Макрон во обраќање пред германскиот Бундестаг.
Тој истакна дека светот денес се наоѓа на крстопат, соочен со опасноста од „безумниот национализам и фантизам”.
– Поарди тоа Франција и Германија имаат одрговорност да и ги дадат на Европа инструментите на нејзината сувереност, порача Макрон.
Францускиот претседател при тоа повика на изградба на заедничка европска одбрана, ја нагласи неопходност од постоење на миграциска политика на ЕУ со хармонизирана систем за доделување азил и се заложи за претворање на еврото во меѓународна валута и воведување буџет на Еврозоната.
– Зарем претпочитате да остенеме затворени во нашета неактиност? Битката против предизвиците на популизмот не е добиена. Потребно е да преземе нови ризици и да ја надмине сопствената нерешителност, истакна Макрон.