Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху денеска дека ќе биде и министер за одбрана, отфрлајќи ги повиците да ја распушти влада, дури и по цена на предвремени избори.
Нетанјаху рече дека барањето за избори сега, во услови на постојани насилни конфронтации со милитантите во Газа, било “неодговорно” од неговите коалициски партнери кои се залагаат за предвремени избори по минатонеделната оставка на министерот за одбрана, Авигдор Либерман, поради прекинот на огнот во Газа.
Прекинот се случи по инцидентот во кој специјалните единици на израелската армија убија седум Палестинци, меѓу кои и командант во Хамас, а загина и израелски офицер. Престрелката се случи откако поради техничка грешка специјалците биле откриени при тајна операција и упадот во Газа.
-Денеска, за прв пат ја преземам позицијата на министер за одбрана. Ние сме во една од најкомплексните безбедносни ситуации и за време на ваков период нема да ја соборите владата. За време на ваков период не се оди на избори, изјави Нетанјаху во живо од седиштето на израелската одбрана во Тел Авив за време на вечерните вести.