(Видео) Вредната градинарка има повеќе од 600 растенија во својот стан
Самер Реј Оукс го претвори својот стан во Бруклин во мала шума. Домот на 33-годишната претприемачка се зеленее од сите страни.
Самонаречената „луда градинарка“ дипломирала екологија и ентомологија на Универзитетот Корнел. „Малиот” проект го започнала во 2009 година кога нејзината цимерка се отселила.
„Верувам дека набавувањето на нешто живо е најдобриот начин да се создаде топлина во домот. За мене тоа беше растение, наместо нова цимерка“, рече Самер Рејн Оукс.
Екологистката денес има околу 670 растенија во својот стан.