Земји кои можaт да бидат опасни по здравјето и животот на посетителите
Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните места на Земјата, според новата мапа на ризични држави за светските патници.
На оваа листа, скандинавските земји Финска, Норвешка и Исланд се означени како најбезбедни места на планетата.
Кога е во прашање здравството, земји со најголеми медицински проблеми се Јужен Судан, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Сиера Леоне.
Ирак е исто така означен како земја со висок ризик кога станува збор за здравствениот систем, заедно со Либан, Венецуела и Северна Кореја.
Спротивно на тоа, места со најмал задравствен ризик за туристите, односно со одличен здравствен систем се главно оние од Европа, како и Канада, САД, Нов Зеланд и Јапонија.
Бразил, Кина и Русија се сметаат за земји каде најбрзо се развива потенцијален ризик кога во прашање се здравствените проблеми.