Еден од најомилените јунаци на популарната култура, Мики Маус вчера го прослави својот 90-ти роденден.
Ликот на најпознатиот глушец со кој пораснаа многу генерации настана во воз додека неговиот творец Волт Дизни минуваше низ најтешките моменти од животот.
„Паробродот Вили“, првиот цртан филм во кој „играше“ Мики Маус, беше прикажан на 18 ноември 1928 година.