Премиерите на Западен Балкан на појадок кај Курц, Заев ја откажа поканата
Австрискиот канцелар ги повика денеска на работен појадок во Виена премиерите на Западен Балкан. Премиерот Зоран Заев, кој претходно беше најавен, ја откажа поканата поради внатрешнополитичките проблеми во земјата.
Според информациите од кабинетот на Курц, на појадокот ќе присуствуваат шефицата на српската влада, Ана Брнабиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, претставникот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Ѕвиздиќ и шефот на косовската влада, Рамуп Харадинај.
На состанокот ќе присуствува и европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јаханес Хан и за дигитална економија и дигитално општество, Марија Габриел. Најавено е дека ќе се зборува на три теми.
„Најпрво за европската перспектива на Западен Балкан, што е и едно од главните цели на австриското претседавање со ЕУ. Потоа ќе се разговара за регионалната соработка и за билатералните конфликти“ потврдено е од кабинетот на Курц.