Односите со Србија се „најдобри и најстабилни од независноста на Црна Гора, а соработката е интензивна”, изјави шефот на црногорскатра дипломатијата Срѓан Дармановиќ за Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ), додавајќи дека Црна Гора ќе гласа за прием на Косово во Интерпол.
– Ние ги поддржуваме властите во Белград, Србија да стане членка на Европската Унија, истакна Дармановиќ, потсетувајќи дека Белград не е заинтересиран за патот кон НАТО и дека во тоа постои друга политика на двете земји.
Тој додаде и дека „Црна Гора нема да се занимава со преговорите меѓу Косово и Србија”, потенцирајќи дека го очекува нивно продолжување.
-Црна Гора повторно ќе гласа за Косово да биде членка на Интерпол, бидејќи не постои причина за да се промени оваа одлука. Ние сме им пријатели и на двете страни, не сакаме политички тензии во регионот, бидејќи кога нив ги има ние како мала земја, секогаш сме биле изложени на нив, оцени црногорскиот министер за надворешни работи.
Кога станува збор за Русија, Дармановиќ рече дека не верува дека времето на затегнати односи поминало.
– Русија има своја улога на Балканот, тоа е израз на она што се случуваше во 2016 година. Русија е голема светска сила и има свој интерес, кој на некого им се допаѓаат или не, но тоа така ќе остане. Црна Гора стана членка на НАТО, како мала држава нема претензии, но ќе ги извршува своите сојузнички обврски. Пожелно сценарио е да имаме односи со Русија, како и со Хрватска и со Словенија, објасни Дармановиќ.
Тој се осврна и на констатацијата дека Кина е многу присутна на Балканот.
– Кина воопшто не се меша во нашата политика, наведе Дармановиќ.