Доколку Велика Британија и Европската унија навистина се разидат, најпогодена земја ќе биде Шпанија. Поради оваа причина шпанскиот министер за туризам, Рејес Марото, се состанал со британските тур-оператори со цел да направи „план Б“ за ваквата ситуација.
Во разговор со неколку големи туристички агенции во Шпанија, сослушани биле и нивните предлози во случај Велика Британија да излезе од ЕУ.
Околу 18 милиони Британци годишно патуваат на летување во Шпанија, а тоа е една четвртина од туристите што ја посетуваат земјата.
Министерот се согласил дека во овој случај би требало да се промени и законот, со цел да се реагира брзо за да не дојде до пад на туристичките посети.
Туризмот е најзначајната гранка за шпанската економија, во која се вработени најмногу луѓе и има удел од дури 11 отсто во националниот доход.