Полицијата во Лондон објави дека против легендата на британскиот фудбал, Пол Гаскоњ(51) и официјално е поднесено обвинение за сексуален напад.
Случајот датира од 20 август, кога поранешниот фудбалер на „Њукасл“, „Тотенхем“, „Лацио“ и „Ренџерс“ бил уапсен на железничка станица во Дурам, поради жалба од жена која патувала со него во истиот воз.
Полицијата го ослободи Гаскоњ веднаш по неговото притворање, додека случајот не беше расчистен, но сега поранешниот англиски репрезентативец ќе треба да се појави пред судот на 11 декември кога е закажана расправа.