Клои Кардашијан покажа како изгледа 7 месеци откако се породи

Иако летото одамна заврши, Клои Кардашијан без проблем одлучи да позира во бикини и да покаже како изгледа нејзиното тело 7 месеци после породувањето.

34 годишната ријалити ѕвезда сподели повеќе фотографии во кои позира во бикини и шорцеви на сонцето.

“Вашиот мозок е мускул, започнете да тренирате за да ја погледнете позитивната страна на сè. Позитивно размислување=позитивни вибрации”, напиша Клои под фотографијата.

На првата фотографија Клои лежи на грбот и го истакнува рамниот стомак, додека на следната го покажува целосното тело.

Фотографиите добиле многубројни коментари и повеќе од милион лајкови. Фановите биле воодушевени со нејзината фигура и ѝ дале целосна поддршка да продолжи понатаму со истото темпо. Клои, која речиси целиот свој живот се бореше со килограмите е среќна што за толку кратко време после бременоста успеа да го врати телото во нормала.

Треба да знаете
Последни објави