Лажен психијатар поттикна истрага во Велика Британија за 3 000 странски лекари

Лажен психијатар поттикна истрага во Велика Британија за 3 000 странски лекари. Како што пишуваат медиумите, над 3 000 странски лекари се под истрага во Велика Британија, се проверува нивното потекло и стручност откако се покажа дека на лажен психијатар му било дозволено без никакви квалификации да ја обавува работата повеќе од 22 години.

Жолиа Алеми беше осудена за измама минатиот месец откако ги измамила медицинските установи дека има диплома од Универзитетот во Оукленд во Нов Зеланд.

Генералниот медицински совет (GMC) започна истрага за илјадници лекари кои имаат лиценци за работа во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави