Германската фудбалска репрезентација имаше историски колапс на Светското првенство во Русија, а додека многумина очекуваа значително подобрување на натпреварите по мундијалот, следеа уште поголеми разочарувања, а на крајот и испаѓање од елината дивизија во Лигата на нации.
Германија на Јоаким Лев ја заврши својата група со Холандија и Франција како последна и испадна од елитната група на репрезентации, а со оглед на тоа што германската јавност воопшто не е блага во критиките кон селекторот и своите фудбалери, сега посебно на важност доби ијавата која ја даде некогашниот дефанзивец на Германија (тогаш Западна), Ханс Питер Брајгел.
Живата легенда на Кајзерслаутерн собра 72 настапи за Западна Германија, а секако тој не памети вакво историско тонење на „панцирите“, за кое сепак тој посочи еден виновник кој нема никаква директна врска со актуелните случувања во селекцијата.
– Гвардиола е виновен за ова што и се случува на Германија. Тој сите не измами бидјеќи не натера да поверуваме дека со посед од 75 проценти е доволно да победувате натпревари. Праксата докажува дека тоа не е така, во фудбалот најважен е резултатот, а не контролата на играта. Франција јасно докажа дека ова мислење е залудно, може да победи и тој што не ја има топката во своите нозе. Не е најважна добрата игра, најважен е духот и сплотеноста на тимот, – потенцира Брајгел.