Музејот за историја и наука во Оксфорд му посака добредојде на новиот тим на кустоси од заедниците во кои арапскиот е мајчин јазик.
Тимот составен од 26 волонтери го сочинуваат членови од земји како Сирија и Ирак и тие на мајчин јазик ќе одржуваат тури за бегалците, но и за локалните жители од арапско потекло.
Целиот проект е идеја на самиот музеј, со цел да се создадат можности луѓето да се поврзат на подобар и полесен начин.
Проектот се вика „Мултака“, што е арапски збор кој значи „место на состанување“.
„Во текот на изминатите седум години работевме и размислувавме во насока на тоа каква улога можат да имаат музеите во поддршката на социјалната инклузија на заедниците во Оксфорд. Работата покрај тоа што нуди пракса, овозможува и вклученост на заедницата“, вели Николас Брд, проект менаџер.



