И покрај протестите низ цела Франција поради одлуката за зголемување на цените на горивата и високите цени на патарините, францускиот премиер Едуард Филип порача дека зголемувањето на акцизите за гориво останува на сила.
„Курсот што го поставивме е добар и ние ќе се држиме до него. Правецот не може да се менува како што дува ветрот“, изјави Филип во неделата во интервју за телевизиската станица „Франс 2“, а пренесе агенцијата АП.
Ширум Франција протестираа 300.000 луѓе кои го парализираа сообраќајот.
На протестите во неделата, според најновите информации од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, повредени биле 409 лица.
Француската влада изјави дека нема да ги промени своите фискални и еколошки политики и покрај мобилизацијата на демонстрантите.
„Што се однесува до еколошката фискална политика, продолжуваме со планот. Во спротивно, само би покажале дека сме несовесни“, изјави за весникот „Паризен“ министерот за еколошка и солидарна транзиција, Франсоа де Риги.
Според резултатите на анкетата спроведена за „Журнал ди диманш“, 62 проценти од Французите сметаат дека приоритет треба да и се даде на куповната моќ на граѓаните, а не на енергетската