СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. На 20.10.2018 година околу 15.00 часот во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот при истовар на огревни дрва од товарно возило, негова сопственост, при што било утврдено дека со возилото вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.