Борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата предводена од СДСМ, за разлика од онаа на ВМРО-ДПМНЕ кога уништувањето на се што е здраво и зелено беше приоритет, велат од владејачката партија како реакција на соопштението со кое од ВМРО-ДПМНЕ побараа Владата да ги прифати нивните итни мерки против загадувањето.
Како што велат од СДСМ, криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ претходно расипнички ги трошеле парите на граѓаните на барок, луксуз, споменици и криминални тендери, додека граделе неплански и системски го уништувале зеленилото.
Оттаму истакнуваат дека Владата ќе ги засили инспекцискиот надзор и контрола, а ќе ја субвенционира и набавката на еколошки автомобили.
„Со усвоениот План за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава и дека чстиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ.