Бројот на луѓе кои се водат за исчезнати во најфаталниот и најдеструктивен пожар во Калифорнија се намали од 1.276 на 993 лица, соопшти канцеларијата на окружниот шериф без да открива дополнителни детали.
Во Калифорнија, продолжува потрагата по жртвите и исчезнатите лица во најсмртоносниот пожар во историјата на американската сојузна држава, додека метеоролозите најавуваат дожд.
Стотици луѓе ги напуштија своите домови кога огнената стихија го погоди северниот град Парадајс.
Форензичките тимови кои ги пребаруваат изгорените рушевини, пронашле уште шест безживотни тела, со што бројот на мрвти се зголеми на најмалку 77, од кои 63 се идентификувани, меѓутоа се чекаат и сигурни потврди од ДНК анализата, го пренесува агенцијата „Ројтерс“, соопштението на властите.
Пожарот избувна на 8. месецов.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го посети опожарениот град Парадајс, мала заедница која се наоѓа на 280 километри северно од Сан Франциско, а во која живееја околу 27.000 луѓе, пред пожарот наречен Кемп речиси целосно да ја проголта.
Националната метеоролошка служба објави дека до 10 сантиметри дожд ќе паднат од вторник навечер до петок во подножјето на планинскиот венец Сиера, вклучително и во Парадајс, кој беше најпогоден од пожарот, пренесе „Гласот на Америка“.