Женскиот младински хор го освои првото место во категоријата на еднородни хорови, на меѓународниот акапела натпревар „Varsovia Cantat“ на кој настапија голем број квалитетни хорови од Европа и Азија.
Освен во натпреварувачкиот дел, хорот одржа и два концерти во катердрали во Варшава и Згиерж и настапи на гала концертот на сцената на големата концертна сала на музичкиот универзитет „Фредрик Шопен“
Оваа награда е последна во низата од 6 први награди, 6 специјални награди и „Grand Prix“ титула освоени од маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ во последните три години на натпревари во Романија, Полска и Словачка.