Партнерска соработка меѓу Македонија и Јордан

Петседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Хашемитското Кралство Јордан, денеска во Аман, оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членови на Претставничкиот дом.

На средбата со јорданскиот премиер Разар, Иванов истакна дека уште од воспоставувањето на дипломатските односи, Македонија се стреми кон стабилни и пријателски релации со Хашемитското Кралство Јордан, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

Во соопштението се додава дека македонскиот претседател изразил надеж дека со интензивирањето на политичкиот дијалог, ќе се отвори можност за натамошна идна соработка во сферата на економијата, безбедноста, културата и образованието, преку потпишување на меѓу-владини договори и унапредување на правната рамка.

Треба да знаете
Последни објави