Песков: Никој не е заштитен од неосновани американски санкции

Никој не е заштитен од американските санкции, кои често се апсолутно непредвидливи и неосновани, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Начинот на кој САД ги третираат санкциите укажува на тоа дека секој во светот, без оглед дали е правно лице или индивидуа, е во опасност да биде погоден од санкциите на САД”, рече Песков.

Ваквата изјава на портпаролот на Кремљ доаѓа како одговор на прашањето дали проектот за гасоводот со Турција може да пропадне под санкциите од САД, пренесе Тас.

Треба да знаете
Последни објави