Скајп и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај 2012-та година примената е посебна истражна мерка „Увид и пребарување во компјутерските системи на повеќе од 20 лица“, помеѓу кои и обвинетите во случајот Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами и Фејзи Азири.

Со оваа мерка вештаците од МВР требало да ја утврдат интернет комуникацијата на овие лица, поврзана со петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

На денешното рочиште за „Монструм“ вештаците не кажаа обвинетите со кого разговарале и во кој период, појаснувајќи дека тие не се надлежни за детална анализа на содржината на пораките. Судијата Огнен Ставрев истакна дека судот ги поседува комуникациите и дека најверојатно ќе бидат презентирани во некои од наредните рочишта.

Наредното рочиште е закажано за 10. декември кога свој исказ ќе дадат вештаците од судската медицина заедно со вештаците за балистика од МВР, кога ќе бидат образложени повредите кои им биле нанесени на петмината убиени кај Смилковско езеро.

Треба да знаете
Последни објави