Словачка планира да купи 14 американски авиони Ф-16В, како замена за своите Мигови-29, соопшти денеска државниот секретар на Министерството за одбрана на Словачка, Роберт Ондрејчак, додавајќи дека овој потег, исто така, има за цел да ја оддалечи Словачка од Русија.
-Ќе ја прекинеме работата што е можно поскоро. Најважната врска со Русија се Миговите-29, кои се уште се произведуваат во Русија, и затоа донесовме одлука за Ф-16, рече Ондрејчак на маргините на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс.
Тој нагласи дека Словачка наскоро ќе добие пет хеликоптери УХ-60М „Блек Хавк”, како замена за руски хеликоптери Ми-17.
Државниот секретар истакна дека купувањето американска воена технологија ќе ја зајакне словачката геополитичка позиција и стратешката врска.