Ашвагандата е многу моќно растение. Таа се смета за адаптоген, што значи дека му помага на телото да се справи со стресот. Освен тоа, таа овозможува многу здравствени бенефити за нашето тело.
Оваа билка е една од најважните билки во ајурведата, форма на алтернативна медицина која се базира на индиските принципи на природно лечење. Таа се користи повеќе од 3000 години со цел да помогне кај луѓето за намалување од стресот, зголемување на енергијата и подобрување на концентрацијата.
Борец против ракот
Истражувањата спроведени на животни покажуваат дека ашвагандата помага во уништување на клетките на ракот. Особено е корисна кај ракот на дојка, бели дробови, мозок и матка кај жените.
Го намалува стресот
Кортизолот е познат како хормон на стресот, а ашвагандата помага во намалување на неговото лачење. На тој начин, таа претставува еден од најдобрите начини за намалување на стресот. Многу истражувања покажуваат дека ја намалува нервозата и депресијата, но и несоницата предизвикана од стресот.
Ја зголемува плодноста кај мажите
Таа има моќен ефект на нивоата на тестостерон и репродуктивно здравје кај мажите. Во една група во која биле вклучени 75 неплодни мажи, групата која била третирана со ашваганда покажала зголемена плодност по некое време, но и покачени нивоа на тестостерон.
Ги намалува воспаленијата и ја подобрува функцијата на мозокот
Таа ги намалува воспаленијата и инфекциите во нашето тело. Освен тоа, истото истражување покажало дека таа ја зголемува меморијата и ги подобрува функциите на мозокот. Таа делува на тој начин што ги штити нервните клетки од влијанието на слободните радикали