Месут Озил веќе пет години настапува во екипата на Арсенал, а во Лондон пристигна од таборот на Реал Мадрид.
За Арсенал од 2013-та година досега има одиграно на 208 натпревари на кои има постигнато 41 гол и 72 асистенции, а дури сега Германецот со турско потекло откри зошто го напуштил Реал Мадрид.
„Сфатив дека тогашниот тренер Карло Анчелоти нема доверба во мене. Јас сум играч на кого му е потребно да му се верува, а тоа го почувствував во Арсенал. Затоа и одлучив да се преселам во тој клуб“, изјави Месут Озил за британските медиуми.
Озил исто така не крие дека бил разочаран од одлуката на Реал Мадрид да го продаде, но сепак смета дека доаѓањето во Арсенал било добра одлука.