Видео во кое ја шокираше Србија: Пешак се обиде да се самоубие
На снимката е прикажан човек (55) кој оди по тротоарот на улицата Благоја Паровиќ во Баново Брдо. Одејќи по тротоарот тој одеднаш скока пред автобус, кој го удира, а човекот лета неколку метри од местото на ударот и паѓа на улица.
За разлика од возачот кој се приближи до самоубиецот, сите други го заобиколија и речиси не го ни погледнаа и поминуваа како ништо да не се случило.
Човекот кој се обидел да изврши самоубиство, потоа бил пренесен во Ургентниот центар со сериозни повреди, како и двајца полесно повредени патници.