Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.
Еврото падна за 0,2% на 1,1429 долари ова утро. Во претходното тргување, неговата цена се зголеми на 1,1472 долари, што е највисоко ниво за две недели.
Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзит и продажбата на акциите на американскиот пазар.
Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот за 0,2 отсто, па доларот се продаваше по 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми за 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше по 1,1344 франци.