Се чини дека Интер е прв фаворит во играта кој ќе го добие играчот за врска од Лацио – Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Особено сега, откако во клубот стигна поранешниот директор на Јуве Џузепе Марота кој се обидуваше првично да го донесе Србинот таму.
Сега Марота е засилување на големиот ривал, па во кадарот во кој се ставаат Хрватите Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Шиме Врсаљко, сака да го стави и играчот за врска за кој многумина мислат дека е преценет бидејќи Лацио за него бара повеќе од 70 милиони евра.
Јувентус летово наводно нудел и 90 милиони евра, колку што и вреди играчот според Трансфермаркт. Лацио ја одбил понудата, но според италијанските медиуми Марота склопил начелен договор со претседателот на Лацио уште додека бил во управата на Јувентус.
Доаѓањето на Марота и евентуалното купување на Милинковиќ Савиќ се смета дека ќе го намали заостанувањето на Интер во однос на Јувентус кој седум сезони со ред е првак на Италија.
Мислењата за српскиот играч уште се поделени. Претходната сезона брилираше, а оваа е далеку од најдобрите изданија, па затоа и му паѓа цената. Токму тоа сака да го искористи Марота, кој важи за еден од творците на непокорната „стара дама“.