Велосипедист од Охрид бил тешко повреден откако бил прегазен од автомобил, ноќеска во Охрид, информираше МВР.
Сообрќајната несреќа се случила половина час по полноќ на крстосницата од улицата 7 Ноември и булевар Македонски Просветители.
Тогаш автомобил „мерцедес“ управуван од М.М.(41) од Охрид удрило во велосипед управуван од А.Х.(48) од Охрид. Повредениот велосипедист бил тешко повреден и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Поради сериозноста на повредите А.Х. бил препратен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.