Како што пренесуваат италијанските медиуми, агентот на Погба, Мино Раиола веќе им порачал на Јувентус „да тргнат во акција“, па сега наводно се поизвесно е враќањето на Французинот во Јувентус.
Погба не е среќен во Јунајтед и неговиот однос со Мурињо и не е баш најдобар, по што се проширија гласините дека тој сака да го напушти „Олд Трафорд“.
„Повторно во Јувентус? Никогаш не се знае. Сега сум во Јунајтед“, изјави Погба после натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус во Лигата на шампионите.
Погба го носеше дресот на Јувентус од 2012-та до 2016-та година, по што во трансфер вреден 105 милиони евра тој се врати во Јунајтед каде што се уште се обидува да ја пронајде својата стара форма која го красеше додека настапуваше во торинскиот клуб.