Предлог буџетот за следната година е уште еден буџет кој ги дискриминира Албанците, истакна движењето Беса денеска на прес-конфенција.
Според нив, овој предлог буџет како најголем во историјата на Македонија не предвидува зголемување на капиталните инвестиции во пропорција со зголемувањето на буџетот.
„Владата како предлагач со нејзините амбициозни математики во составувањето на овој предлог буџет не се потпира во фактичката реалност што ја имаме во државата. Иако владата прокламира социален буџет, таа не се придржува до нејзините ветувања, бидејќи зголемувањето на платите не го предвидува како што беше ветено“, велат од Беса.
Партијата додава дека буџетот не ги задоволува потребите на Албанците, почнувајќи од процесот на децентрализација кој не е успешно завршен.
„Општините се соочуваат со недостаток на финасиски средства за реализирање на нивните проекти, а со тоа нивното функционирање станува се потешко. Самиот факт на простување на долговите на општините со посебен закон, кажува за тешката состојба во нивното функсионирање. Треба да потенцираме дека овие долгови општините ги направиле на нетранспарентен начин и тоа не било во интерес на граѓаните“, смета Беса.
Албанските општини, како што ги нарече Беса, добиват нула проценти од средствата од централниот буџет како блок дотации за домовите за стари лица, околу 1 отсто како блок дотации за дејности од областа на културата, околу 12 проценти од наменските дотации за пожарникари, отприлика истиот процент за блок дотациите за детска заштита, додаде партијата.