ЕК: За азил одлучуваат земјите членки
Европската Комисија вели дека засега не добиле потврда од Унгарија дека му е одобрен на азил на експремиерот Груевски.
– Се разбира запознаени сме со ситуацијата во врска со господинот Груевски, осуден за корупција во својата земја, стои во одговорот на ЕК до МИА.
Оттаму потсетуваат дека според европското и меѓународното законодавство, земјите членки индивидуално одлучуваат за барања за азил.
– Владеењето на правото е темелен принцип на ЕУ, за земјите членки како и за земјите кандидати, очекуваме од сите страни да се однесуваат согласно со релевантните правила без политизирање.
ЕК потсетува дека „после години назадување”, Македонија „прави добар прогрес во владеењето на правото како што оцени Советот за општи работи во заклучоците од јуни 2018″.
Претходно денеска, еврокомесарот Јоханес Хан побара од Виктор Орбан објаснувања доколку се потврди дека му е одобрен азил на Груевски. Тој смета дека е нелогично Унгарија да ја поддржува Македонија за ЕУ, а притоа да ја смета за небезбедна земја.