Уште едно лице загина за време на протестите против зголемувањето на цената на горивата во Франција, кои се одржуваат низ цела држава.
Изминатите денови, во протестите повредени се стотина луѓе. Демонстрантите ги блокираа клучните патишта во државата.
На 17 ноември, една жена почина поради блокадата на демонстрантите во градот Понтеведа. Таа се најде под тркалата на автомобил управуван од мајка која одела со своето дете на лекар.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика демонстрантите на дијалог. Тој новите цени на горивата ги правда со тоа дека на тој начин граѓаните можеби помалку ќе ги користат своите возила и на тој начин ќе се намали загадувањето на воздухот.