На лажен профил на Фејбук објавувала фотки од поранешниот љубовник

Стружанка креирала лажан профил на социјалните мрежи на име на својот поранешен љубовник и постирала компромитирачки фотографии, информираше МВР.

Станува збор за Т.И.(30) од село Горно Татеши, струшко, против која е поднесена кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.

Според полицијата, таа на 17 септември годинава на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм креирала лажни профили на име на С.З.(36) од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска. Потоа, за да ми се одмазди на нив објавувала компромитирачки фотографии.

Треба да знаете
Последни објави