Вчера на булевар „Кузман Јосифовски Питу” патничко возило „Шкода октавија” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(60) од Скопје удрило во пешакот Е.П.(48) од Велес. Е.П. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.