Роберт де Ниро се разведува од својата сопруга по повеќе од 20 години брак, пишува „Пејџ сикс“.
Имено, Де Ниро (75) повеќе не живее со својата 63-годишна сопруга Грејс Хајтауер, а наскоро и официјално ќе го објават прекинот на врската.
Роберт и Грејс се венчаа во 1997 година, и ова не е нивно прво раскинување. По две години брак, актерот побарал развод, но никогаш не го финализирал.
Во 2004 година, тие ги обновија брачните завети, а заедно имаат две деца, 20-годишниот Елиот и шестгодишната Хелен.
Де Ниро беше во брак помеѓу 1976 и 1988 година со актерката Дајан Абот, со која има син Рафаел, а со поранешната девојка Туки Смит ги има синовите близнаци Арон и Џулијан.