Сестрите Кардашјан-Џенер највлијателни ѕвезди во светот
Ким Кардашјан Вест и нејзината помлада сестра Кајли Џенер се највлијателните личости во светот кога станува збор за модата.
„Лист“ ја објави својата годишна листа на највлијателни ѕвезди меѓу модните икони, а сестрите од кланот Кардашјан-Џенер ги зазедоа првите две места.
https://www.instagram.com/p/BqXeTruHaCX/?utm_source=ig_embed
Помладата Кајли (21) со 115 милиони следбеници и повеќе од два милиона пребарувања со нејзиното име оваа година го зазеде тронот. Колкаво е нејзиното влијание најдобро се гледа од случајот кога Кајли се појави во розов фустан на својот роденден, а потоа во пребарувањата со терминот „розов фустан“ е забележан пораст од 107 проценти во следните 48 часа.
https://www.instagram.com/p/BmSRxqOA1TA/?utm_source=ig_embed
Веднаш зад најмладата Кардашјан се наоѓа најпознатата Кардашјан – Ким. Таа стана првата личност што ја доби наградата за највлијателна личност на годината што ја доделува CFDA. Оваа година Ким ги врати во мода неонските костими за капење и тангите што се носеа во деведесеттите години и поради неа велосипедските панталони повторно станаа модерни. Таа му помогна на брендот „Фенди“ кога се појави од глава до петици во облека со нивното лого.
https://www.instagram.com/p/BnbieYyFqXy/?utm_source=ig_embed
Третото лице на оваа листа е новодојдената војвотка на Сасекс – Меган Маркл. По правило, кога Меган ќе облече парче од некој бренд, следната недела се забележува пораст од 200 отсто во пребарувањата што се однесуваат на тој бренд.
Четвртото место го зазеде раперката Карди Б, а петтото Бијонсе.