Манчестер сити и Барселона ќе ја водат битката за потписот на талентираниот играч на Ајакс, Френки Де Јонг.
Манчестер сити, минатото лето не успеа да го донесе Жоргињо, кој заедно со својот тренер Маурицио Сари, од Наполи замина во Челси. Поради тоа, но и поради Фернандињо кој веќе има 33 години, Пеп Гвардиола бара уште еден играч од редот за врска.
Де Јонг оваа сезона покажува исклучителен квалитет и во Ајакс, а особено во репрезентацијата на Холандија со која го освои првото место во Групата-1, во Лигата на Нации.
Сити наводно подготвиле сума од 75 милиони фунти (повеќе од 80 милиони евра) за овој млад играч. Отприлика иста сума биле подготвени и на „Ноу Камп“.
Де Јонг има 21 година, а врзан е со договор за Ајакс до 2021 година. Според холандските медиуми Ајакс нема намера да го продаде Де Јонг во јануарскиот преоден рок.